Раст на вработеност во Унгарија во вториот квартал

Унгарија бележи историски раст на вработеноста – податоците за унгарскиот пазар на труд бележат зголемување до вториот квартал кај процентот на вработени Унгарци. Во јуни 2021 година, просечниот месечен број на вработени на возраст од 15 до 74 години бил 4.692.000, што е за 98.000 повеќе отколку во истиот период минатата година и 85.000 повеќе од податоците за мај.

Сезонските вработувања пак дополнително ќе го зголемат процентот на вработеност, а според надлежните услужниот сектор успеал да ја зголеми својата побарувачка за работна сила благодарејќи на отстранување на рестрикциите.

Во текот на кварталот, јуни донесе уште повисоки бројки, а нашите пресметки покажуваат дека вработеноста на примарниот пазар за првпат се искачи над 4,5 милиони.  Аритметичкото објаснување за зголемувањето на вработеноста е дека бројот на активни луѓе е зголемен, т.е. многумина се вратија на пазарот на трудот кои претходно биле неактивни.  Исто такапред сè, укинувањето на ограничувањата придонесе за намалување на бројот на невработени, бидејќи оние кои беа принудени да го напуштат пазарот на трудот во последните месеци започнаа со работа- се вели од  „Државниот завод за статистика –  пазар на труд“.

Сепак, стапката на невработеност  сè уште држи голем процент за разлика од пред пандемискиот период.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста