Раст на профитот од 250%: Фирмата „Aрмор плус“ на зетот на секретарката на Град Скопје добила 126 тендери

Компанијата „Армор плус“ во сопственост на зетот на секретарот на Град Скопје преку која е набавена противпожарна скала од 1.700.000 евра е истата фирма која добила дури 126 државни тендери и остварила приход од речиси 250 проценти, обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата Мицкоски на брифинг со новинарите изнесе документи според кои фирмата во сопственост на Димитар Петрески, требало да добие 37 отсто од договорот за набавката. Според документите злоупотребата со купувањето на оваа пожарникарска скала е во висина од околу половина милион евра.

Скалата која Градот Скопје ја набавува од унгарската компанија е истата како и таа што ја набавил Градот Загреб но со двојно пониска сума или околу 800 илјади евра. Мицкоски тврди дека документите кои ги претстави покажуваат дека двете скали се идентични односно дека онаа која ние ја набавуваме нема никаква дополнителна опрема, како што тврдеше градоначалникот Шилегов.

-Скалата е стандардна, со стандардна опема, но за неа преку фирмата „Армор“ и „Хороскоп“ од Унгарија се платени 800.000 евра повеќе, рече тој пред новинарите.

Скопскиот градоначалник се правда дека додатоците кои ги нарачале биле причината за високата сума која се плаќа, а постапката за набавката била транспарентна.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста