Раст на платите во Унгарија под криза на Коронавирус

Во мај, бруто-платите во Унгарија пораснаа за 9,4% во однос на минатата година, и покрај тоа што имаше зголемување на невработеноста и долгорочнота економска криза предизвикана од коронавирус соопшти Централниот завод  за статистика на земјата.

Бруто-платите се зголемиле на речиси 400 илјади форинти односно 1.160 евра, а  платите во приватниот сектор се искачуваат и до  410 илјади  форинти во мај. Со оглед на инфлацијата, овие бројки укажуваат на реален раст на платите од 5,1% во однос на претходната година.

Тримесечната просечна стапка на невработеност во Унгарија до крајот на јуни беше 4,6 проценти, за 0,5 процентни поени повисока од претходниот тримесечен период и се зголеми за 1,3 проценти од април.  Според извештајот на централниот завод за статистика стапката опфаќа невработеност кај оние на возраст меѓу 15 и 74 години.

Изразено во бројки, Унгарија бележи  214.200 невработени, 24.000 повеќе од јуни  и 58.700 пораст од претходната година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста