Расрешен секретарот во охридската болница Наумовски

Разрешен секретарот на охридската општа болница Антонио Наумоски.По налог на министерството за здравство, директорот на болницата доктор Горан Балев, го суспендира секретарот бидејќи како што стои во соопштението, спротивно на Националниот план за ковид имунизација се вакцинирал преку ред во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

” Укажуваме дека никој кој не е здравствен работник, опфатен во првата група, од првата фаза за имунизација, не смее да се вакцинира. Министерството за здравство апелира до сите здравстени установи, кои ги изготвуваат списоците за вакцинација и ги испраќаат до националниот систем Мој термин, дека за непочитување на планот и стратегијата за вакцинација, како и за секоја злоупотреба на процесот ќе следуваат строги санкции”-се вели во сооштението од министерството за здравство.

Принуден да постапи по барање на ресорното министерство,ваквиот чин не сакаше да го коментира директоротот на болницата.

Нити секретар Наумоски, не го коментира неговото разрешување, во кусиот телефонски разговор кажа дека од денес е на боледување.Неговото суспендирање ќе го коментирал кога ќе го добиел решението.Најави дека истото ќе го обжалел, а ќе поднесел и соодветни тужби.

Скандалот со разрешувањето на секретарот на охридската општа болница, крена прашина во јавноста.Социјалните мрежи вријат од негодување, граѓаните упатуваат критики на на адреса на невакцинираниот министер Филипче, кој не успеа да набави вакцини за имунизација на населението а, сега експресно разрешува вработен во болницата само затоа што се вакцинирал, нарекувајќи го тоа злупотреба. А за струшките гинеколози, посебно за директорот на струшката општа болница кој ординирал во домашна ординација,и за случајот со пациентката од Дебар која остана без половина органи,сеуште нема никаков епилог.Нити е некој разрешен, нити пак одговарал пред лицето на правдата.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста