Рашковски вели дека не бил виновен, русковска тврди дека набавувал софтвер заради лично богатење


Обвинението не го разбирам правно и не чуствувам вина. Со овие зборовипоранешниот генерален секретар Драги Рашковски  го почна сускиот процес  за кој е обвинет во случајот „Софтвери“. Од судот побара да му се дозволи целосна реконструкција на случајот  и на лице место да се утврди дали софтверите работат и дали кабините се поставени. Рашковски најави интересен судски процес.

„  Многу е тешко да најдете црна мачка во црна просторија. Уште потешко е да ја најдете ако ја нема. Во тек на ова судењето ќе докажеме дека црна мачка не постои. Многу релевнатни докази се сокриени од судот и од нас, т.е. дописот-известувањето до Јавното обвинителство дека двата софтвери се ставени во функција, рече првообвинетиот Рашковски.
Вилма Рускоска тврди дека обвинителството има цврсти докази оти Рашковски нерационално трошел народни пари и ја злоупотребил службената функција. Обвинителството ќе докажува дека не е спорна само набавката туку и софтверот кој е нефункционален.

Обвинителството има цврсти докази. Ќе докажеме дека ја злоупотребил положбата за свои лични материјални целиТри години од набавка на софтверите и на софртверот и на системите кои не се во функција, истакна обвинителката Вилма Рускоска
Инаку,  Рашковски е обвинет не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка на систем за биометриска идентификација, на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување казни, за набавка на камери за препознавање на регистарски табличкли за возила како и за јавна набавка на метални кабини за потребите на систем за биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.  Останатите шест лица во случајот  се обвинети за „Злоупотреба“ на службена положба и областување “.

Следното рочиште за случајот  е закажано за 24 март.