Рангелова ослободена: Фетаи го повлече обвинението за „Насилство во центар“ против неа

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче Богдановски и Милан Андоновски, кои се гонеа како извршители во случајот „Насилство во центар“. Со ова, тројцата се ослободени во овој предмет.

Сега, во предметот остануваат обвинети Миле Јанакиески, Никола Груевски, кој е амнестиран од експретседателот на државата Ѓорѓе Иванов, и уште неколкумина кои се товарат дека го извршиле насилството пред општината.

Фетаи пред судот го читаше прочистениот текст од обвинението, заедно со пцостите, за кои тврди дека ги кажале дел од обвинетите на протестот пред Општина Центар во 2013 година.

Случајот го води судијата Душко Јосифовски, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста