Рамковни вработувања се најавуваат и во МВР и УЈП

143 рамковни вработувања во МВР, 101 лице ќе се вдомат во Управата за јавни приходи, 18 во Агенцијата за вработување, три во Инспекторат за јазици и шест во Централен регистар. Дали уште некој ќе го следи примерот на директорот на ДПИ Пауновски и ќе се спротистави на Власта или заканите на премиерот за разрешување на „непослушните“ ќе ги заплаши? 

Несогласувањата околку вработувањата во Државниот Пазарен инспекторат ја брануваат јавноста, а критики на адреса на премиерот по неговaта закана дека ќе го разреши Пауновски, стигнуваат и од стручната фела. Од Владата пак се правдаат дека Стојко Пауновски навремено бил известен за вработувањата, а било неприфатливо да не се почитуваат одлуките. Сепак, вработените во Пазарна инспекција по собраните потписи, утре петицијата ќе ја достават до Владата и очекуваат средба со Заев. Сметаат дека условите кои Пауновски ги создал од кога е на функција, до сега никој не ги овозможил, а неговата постапка да пресече со одлука за невработување е оправдана.

Најавените рамковни вработувања за Владата се решение на децениски проблем за кој реагирале граѓаните. Повеќе од 1300 ќе се распределат на работни позиции во вкупно 237 институции. Фактот дека толкав број лица ќе се вработат во државни институции ја разгневи јавноста. До толку повеќе што поранешни инспектори алармираа дека најголем дел од тие што треба да се вработат не биле квалификувани и завршиле на универзитетот на Рамиз Мерко.

Од Владата пак смируваат дека не се работело за нови вработувања, туку за распределување.

Адријана Алексиеска

Advertisements

Поврзани вести