РАКОМЕТОТ ПРЕД МОРАТОРИУМ: ПО РАБОТНИЧКИ, ДЕНЕСКА НОВИ ЗАБОЛЕНИ ПРИЈАВИ И ОХРИД

По вчерашните 16 заболени во Работнички, денеска нови 4 позитивни на корона во Охрид што ги проблематизира состојбите во нашиот клупски ракомет. Натпреварите во А групата од нашата Супер лига се во мирување десетина дена, денеска нема да се игра дуелот на Работнички и Металург од Б, а многу извесно е дека РФМ ќе мора да ги прекине целиот шампионат. Инаку Ракометната федерација прави масовен скрининг на своите членови односно на клубовите од Супер лигата, па не е исклулено овие бројки да растат.