РАКОМЕТАРКИТЕ СЕ ВРАТИЈА ВО СКОПЈЕ И СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА РЕВАНШ БАРАЖОТ СО РОМАНИЈА

Најдобрите македонски ракометарки се вратија од Букурешт и од денеска одново се на тренинг во салата Јане Сандански каде в среда не очекува нов меч со Романија. Тоа ќе биде втор дуел од баражот за пласман на Светското првенство во Шпанија на крајот од годинава, со забелешка дека по саботниот пораз во Букурешт од 33-22 сега за нас мундијалот е доста далеку. Но вреди да се обидеме во средбата што ќе се одвива в среда во Скопје од 17 часот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста