Ракометарките попладнево заминуваат за Букурешт

Најдобрите ракометарки на Македонија попладнево заминуваат за Букурешт, каде против тамошната Романија утре ќе го одиграат првиот меч од баражот за пласман на Мундијалот во Шпанија. Во тимот како последна се приклучи Симона Стојановска, која треба да биде од голема помош ако се знае нејзината одлична форма во германскиот Цвикау. Селекторот Симовски е задоволен од сработеното на мини-подготовките изминативе пет дена во Скопје, тој се надева на позитивен исход, иако Романките важат за голем фаворит. Првиот меч се игра утре во Букурешт од 17 часот, а истиот термин останува и за реваншот во среда на теренот во СЦ Јане Сандански

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста