РАКОМЕТАРКИТЕ ДЕНЕСКА ГО ДОБИВААТ ПРОТИВНИКОТ ЗА БАРАЖОТ ОД КОЈ СЕ ОДИ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

Македонската женска ракометна репрезентација по извонредните три од три во Скопје во квалификациите за Светското првенство во Шпанија на крајот од годината попладнево ќе се најде во барабаните при жрепката за баражите на Европскиот континент. Тоа е последната пречка до мундијалот, и сигурно нема да биде лесна затоа што за двомечот во средината на април за противник ќе добиеме една од селекциите на Германија, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словенија и Шведска. Жрепката во овие моменти започнува во Виена.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста