РАКОМЕТАРИТЕ СЕ ПОБЛИЗУ ДО НАСТАП НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ЕГИПЕТ

Селекцијата на Зеленортските острови има седуммина позитивни на корона вирус, а американците дури 18 заразени играчи, па објективно за нас, се отвора шанса за настап на Светското машко ракометно првенство. Но, покана се уште нема и затоа ние сме во ситуација да чекаме до последен миг. Американците имаат повеќе заразени, но велат дека ќе патуваат на северот од црниот конктинент, и делува дека африканската селекција е наша шанса затоа што таа е веќе во Португалија и позитивните се појавиле непосредно пред патувањето во Египет, а тие не се така моќна организација за да можат брзо да се екипираат. Инаку Зеленортските острови се сместени во А групата каде што се и Германија, Унгарија и Уругвај и ако дојдеме до ситуација да бидеме замена би стратувале на 15 јануари во петок против Унгарија. Ако треба да ги менуваме Американците одиме во Е групата која е вистински пекол со екипи како Норвешка, Австрија и Франција, и во која, ако добиеме шанса, за два дена, в четврток би требало да играме со Австрија. Од нашиот табор, пак, доаѓа потврда дека сме подготвени за учество на Светското првенство, а за таа цел селекторот Данило Брестовац на располагање држи 24 играчи кои по тестирања и прегледи би биле подготвени за заминување.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста