Ракометарите на Вардар засилени со Кристопанс се во Белорусија за новиот меч во ЛШ

Ракометарите на Вардар денеска отпатуваа за Белорусија каде в сабота ќе имаат важен меч од Лигата на шампионите против Мешков Брест. Тој е дел од деветтиот круг од Б групата и во него црвено црните ќе добијат осетно засилување и тоа од сопствените редови, од своите играчи. Имено, Даинис Кристопанс денеска се упати заедно со екипата на северо-истокот од Европа, а повредата, според најавите треба да е минато и тој да игра, а со експедицијата е и бекот од другата страна Кристијан Дисингер. Тоа значи дека Вардар ќе го има стариот лик и дека ќе биде многу посилен од последните два настапа против Киелце во кои освоивме само бод. Мечот на Вардар и Брест во Мешков е за два дена од 17.30.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста