РАКОМЕТАРИТЕ НА ВАРДАР ПРОТИВ ВОЈВОДИНА (17.45) ЗАПОЧНУВААТ СЕРИЈА ОД 10 ОФИЦИЈАЛНИ МЕЧА

По цели два месеца денеска официјално појавување на терен ќе имаат ракометарите на Вардар кои во Јане Сандански имаат меч со Војводина. Тој е дел од СЕХА лигата каде црвено црните практично немаат одиграно ништо од предвиденото. Дуелот во Скопје започнува во 17. 45 и е почеток на една многу збиена агенда во која веќе в понеделник Вардар го очекува средба со Нексе и која содржи десет натпревари од регионалната и во Лигата на шампионите во еден месец.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста