РАКОМЕТАРИТЕ НА ВАРДАР ПОПЛАДНЕВО ГОСТУВААТ КАЈ НЕКСЕ (17.00) ВО РАМКИ НА СЕХА ЛИГАТА

-Вардар попладнево го има четвртиот меч во СЕХА лигата во оваа сезона односно во групата Б од регионалното ракометно натпреварување. Црвено црните се во Нашице и од 17 часот играат со Нексе кој има ист број на бодови со нас, по шест, но од настап повеќе со тоа што еден од нив беше во Скопје и заврши со нивни пораз, а победа на македонскиот тим со 27-26. Хрватскиот вицешампион е сериозно амбициран за реванш и за триумф, а основа има во тоа што Вардар е ослабен со неиграњето на четворица. По ова утре Еурофарм Пелистер гостува кај Металопластија во дуел од првиот состав од СЕХА кој има безмалку истите претпоставки зошто и битолчани имаат два од три во досегашниот тек од сезоната со тоа екипата од Шабац има само една победа. Овој регионален ракометен пакет за оваа седмица инаку содржи уште една средба и во неа Вардар во петок го дочекува Мотор.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста