Ракометарите на Вардар од вчера се во Белорусија за новиот 9. меч во ЛШ
Ракометарите на Вардар од вчера се во Белорусија каде утре ги очекува средба од 9 коло во групата Б од Лигата на шампионите.
Со Кристопанс и Дисингер црвено црните се осетно засилени во однос на претходните два меча со Киелце и утре може да дојдат до петтата победа која ќе ги остави во игра за подобрите позиции пред елиминациите, но во исто време Брест Мешков не е наивна екипа и сигурно ќе биде амбицирана да слави против Европскиот првак.
Во претстојниот ракометен викенд ние имаме уште еден меѓународен настап зошто Еурофарм по поразот о Кокс се упати во Шабац за средба од СЕХА против Металопластика што се игра утре порано, од 13 часот.
КАТЕГОРИИ Ракомет