РАКОМЕТАРИТЕ НА МЕТАЛУРГ СО МАЛА ПРЕДНОСТ (26-24) ПО ПРВИОТ ДУЕЛ СО КРИЕНС ВО 2. КОЛО ВО ЕЛ

Металург го совлада Криенс со 26-24 и ќе има мака за да дојде до групниот сегмент во Европската машка ракометна лига. Составот од Автокоманда синоќа во Јане Сандански водеше на полувреме со гол, во средината од второто губеше со два разлика, па пресвртот и триумфот со исто толку се одлични. Реваншот е следниот вторник во Цирих, по што победникот оди во натпреварите по групи во второто европско клупско машко ракометно натпреварување.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста