Ракетата на „Спејс-икс“ на пат кон меѓународната вселенска станица

Двајца американски астронаути денеска треба да пристигнат во Меѓународната вселенска станица, на првата мисија на комерцијално изградено летало.
Двајцата мажи, кои полетаа на 30 мај од Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, ќе се приклучат на екипажот на Меѓународната вселенска станица, двајца Руси и еден Американец.

Лансирањето на екипаж од САД беше прво во скоро една деценија, по долгогодишно потпирање на руските ракети „Сојуз“ и лансирање од космодромот „Бајконур“ во Казахстан, со кој управува Русија, за да се стигне до Меѓународната вселенска станица.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој сведочеше на лансирањето, рече дека тоа ги исполнува Американците со чувство на гордост.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста