Рафајловски за Алфа: 2021 беше катастрофална година на економски план, за 2022 Господ да ни е на помош

Расте нервозата кај стопанството по бранот поскапувања, тргнувајќи од струјата, повисоки цени на скоро се, сиромаштија, и капак на се пандемија. Бизнисменот Горан Рафајловски во интервју за Алфа вели дека 2021 година била катастрофална на економски план, а власта ја преспала годината и за стопанството освен што вовела поскапи давачки, не направила ништо друго. Дополнителен проблем околу кризата е што кај нас производството на струја е делумно во застој, и нема доволно јаглен.

Стопанствениците предупредуваат дека фокусот мора да се насочи кон максимално искористување на домашните капацитети, а не целиот товар да падне на грбот на граѓаните.

Со Горан Рафајловски разговараше Борис Грујоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста