Рафајловски: Економскиот план на Владата е само козметички, за резултат мора да покаже сериозност

Нереален и крајно несериозен е економскиот план на Владата тежок 8 милијарди евра кои треба да ја придвижи економијата, вели за Алфа бизнисменот Горан Рафајловски. Според него, тоа се нереални пари кои нема да направат ништо добро за стопанството, само ќе дадат лажна слика дека нешто се случувало. Бараат власта конечно да покаже сериозност, а не само да промовира козметика.

  • Најаваените 8 милиони се нереални пари, помеѓу трошките и нереалните пари, дајте нешто што стврано може да се реализира за добар развој во Македонија. И потоа секој договор колку и да бил силен, ќе победи најсилниот, ќе имаме натпревар кој ќе заврши успешно, сето ова завршува без ниаков успех, затоа сме до оваа ситуација до која сме сега, вели за Алфа бизнисменот Горан Рафајловски.

Јавноста главно критикува дека тоа се стари прокети коишто ги слушаме со децении наназад, како што се изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, Вардарска долина, како и изградба на вечната пруга до Бугарија, проекти кои никако да почнат со реализизација.

Најзагрижувачки е тоа што планот е всушност приватизација на државата, зашто најголем дел од проектите, се јавно-приватни партнерства за кои ќе треба проекти, одлуки во Собрание и пари од државниот буџет.

Што се однесува до патната и железничката инфраструктура каде се предвидуваат 2,7 милијарди, Рафајловски вели дека дека од тоа нема да има ништо, зашто за тоа биле потребни голем број работници, што Македонија ги нема.

  • Во моментов немаме никаква градежна активност на патиштата, зошто, затоа што немаме доволно работници и не можат секаде да постигнат. Огромен број од најавите немаат почнато со проектирање, а камо ли да градат. Тоа е само една обланда која се пласира дека нешто се работи, нее тоа така, додава Рафајловски.

Наспроти празните ветувања, за реален економски развој, власта прво мора сериозно да поработи на сивата економија која надмина 40%. Ова според бизнисмените е погубно за буџетот, но и за бизнисот кој работи, плаќа даноци, а добива нелојална конкуренција.

Од вкупно 8.175 милиони евра колку што тежи планот, 5.791 милиони се јавни инвестиции во кои влегуваат буџетски средства, кредити, грантови, поддршка од ЕУ, а 2.384 милиони се приватни. Интервентниот план за инвестиции треба да почне од 2021 и да заврши во 2027, што според бизнисмените ќе биде тешко остварливо.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста