Рафаел Надал се откажа од учеството на Американскиот тениски Гренд Слем

Рафаел Надал и официјално се откажа од учеството на Американскиот тениски Гренд Слем. На 25-6 дена до настанот во Њујорк Шпанецот и се обрати на јавноста со порака во која вели дека е преголем ризик да се патува кон оваа земја во ситуација кога бројот на заболените од корона се зголемува и кога се губи контролата врз болеста. Надал има четири победи на Флешинг Медоу, а последната беше лани. Ова отвора многу простор за првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ кој најави дека ќе игра на турнирот бидејќи освен Надал отсуство до сега пријавија и Федерер, Вавринка, Кириос, Монфис, Цонга.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста