Радев: Патот кон Европската Унија води преку Бугарија

Не само што ќе го собере со неговиот авион, бугарскиот претседател Румен Радев заедно со македонскиот Стево Пендаровски дури за два дена ќе одлетаат за Рим да го чествуваат делото на светите браќа Кирил и Методиј. Ниту еден владин претставник, ресорен министер не најде време во својата агенда да се појави на молебенот кај папата Франциск. А Радев веќе ја покажува водечката позиција па во изјава токму денеска ни порачува оти патот на Македонија кон Европската Унија водел преку Софија.

Најважно е Бугарија, како таква одговорна членка, да не дозволи да се внесат многу проблеми во Унијата. Европскиот пат на Македонија е преку Софија и тоа е патот за решавање на сите проблеми, порачува Радев.

Инаку Радев во среда  на поминување ќе го собере и колегата Пендаровски. Но нивното патување две дена по денешниот празник нема да значи и чествување на светите браќа, туку заедничка посета на Ватикан, вели за Алфа поранешниот амбасадор во Италија Оливер Шамбевски.

А заедничкото патување на Пендаровски и Радев во Рим за премиерот Заев било шанса да се направи исчекор во процесот на пронаоѓање решение во спорот. Верувал во европскиот дух на претседателите, ама на патот до Рим не можело да се испеглаат несогласувањата.

Шефот на државата Пендаровски пред неколку дена порача дека не исклучува можност да имаат разговори за бугарската кочница, ама немало да отстапат од веќе кажаното.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста