Работниците од „Еурокомпозит“ по кој знае кој пат на протести пред Владата

Власта денеска имаше време тајно да избере амбасадори кои ќе ја претставуваат земјава во странство, но немаше време за работниците од „Еурокомпозит“ кои по кој знае кој пат дојдоа на протест во Скопје.

По којзнае кој пат работниците од прилепскиот загубар „Еурокомпозит“ дојдоа на протест во Скопје. Но како што дојдоа пред Владата, така и си заминаа, во надеж дека нешто ќе се мрдне од мртва точка, иако надежите, како што велат, полека им пропаѓаат.

Работниците кои сега едвај преживуваат, уште еднаш ја обвинија вицепремиерката Радмила Шеќеринска дека со нејзините изјави влијаела да се откаже потенцијален инвеститор. Па така како што велат, им соопштила шефицата на кабинетот на Кочо Анѓушев која е и претставник на државниот капитал во загубарот. Но таа веќе била разрешена, па сега не знаат од кого да бараат решение.

И таа трошка надеж што работниците до сега ја имале дека ќе се реши проблемот и ќе ги земам заостанатите плати, од сега полека избледува, и никако да им се чуе гласот на вработените.

Вработените од прилепскиот загубар “Еурокомпозит – 11. Октомври”, револтирани од се уште неисполнетите ветувања, а дадени уште пред три години од Влада дека конечно ќе ги добијат заостанатите плати и ќе им бидат платени придонесите.

Инаку, оваа фабрика е единствениот македонски загубар кој има 260 вработени чија просечна старост е над 50 години.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста