Работничките од штипската конфекција „Алкон Текст“ ќе протестираат се додека не им се реши проблемот

Одложувањето на денешниот протест, не значи и дека се откажуваме од нашите барања, порачаа Бисера Кафтанова од името на  работничките кои се водат како вработени , а се на принуден одмор во штипската конфекција „Алкон текст„. Поради временските неприлики утринава не се собраа во фабричкиот двор.. Тврдо остануваат на своите барања да им се исплати една заостаната плати и принуден одмор..

   „Очекуваме решение за жените кои се пред пензија.што ќе се случува со нив? Имаат решенија за принуден одмор во времетраење од три месеци. МНогу е важно што по тие три месеци, каков е планот на фирмата„- изјави Бисера Кафтанова, текстилна работничка

Работничките кои два дена протестираа пред фабриката тврдат дека од менаџментот им бил вршен притисок да потпишат документ со кои од „Алкон текст се префрлаат во друга фирма за да се ослободат од вишокот на вработени. На овој начин, велат се доведени до работ на егзистенција и им се ускратуваат работничките права..

4000денари ми скратија од плата , од цел работен месец. Срамота!Ме оставија на принуден. Ги прашав зошто,ми рекоа дека фирмата нема пари, а фирмата работи„ изјави Снежана Костадинова-текстилна работничка

   „На 70% сум уште од првите. Решението ми гласи од 8.04. За тие два месеци ништо ни немат исплатено„-Ката Ордева-текстилна работничка

Работничките најавуваат нови протеси се додека институциите јавно не излезат со разрешница за нивниот проблем.

 Случајот со 110 текстилни работнички од конфекцијата Алкон-текс кои од  април се испратени на принуден одмор го следат и од Хелсиншки комитеет, од каде што посочуваат дека на овој начин се врши директен егзистенционален удар на многу семејства. Засега од компанијата молк. Недостапни се и за новинарите, но и за работниците.

Александра Ристевска  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста