Путин: Референдум за уставни измени во Русија на 1 јули

Владимир Путин објави дека на 1 јули ќе се одржи референдум за измени во Уставот на Руската Федерација, и покрај големиот број заразени со коронавирус. Според него, стапката на инфекција во Русија се намалила и постојат услови за безбеден референдум. Референдумот претходно беше закажан за 22 април, но Путин го одложи поради пандемијата.

 

Според сегашното уставно решение, Путин нема да може да се кандидира за претседател во 2024 година, поради ограничувањето на мандатот, но измените ќе му овозможат да се кандидира за уште два шестгодишни мандати.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста