Пулмолози: Загадувањето го олеснува патот на Ковид вирусот до белите дробови

Загадениот воздух го олеснува патот на ковид 19 вирусот до белите дробови, предупредуваат пулмолозите. И најновото меѓународно истражување на германскиот Институтот за хемија ја потврдува тезата дека 15 проценти од смртните случаи од Ковид-19 се должат на загадениот воздух. Најранливи се хронично болните.

“Ризикот кај хронично болните каде што имаме намален имунитет е огромен не само од околината од загадениот воздух од пушењето од лошите услови на живеење и најчесто од бројните вируси односно од непијателот – Ковид 19. Доколку загадениот воздух долго време го вдишуваат пацинетите тој го намалува локалниот имунитет и затоа ризикот е голем да настане дополнително оштетување кое што ќе доведе до фатален исход односно смртност кај пацинентите.”вели Проф. д-р Марија Христова- педијатар, пулмолог, алерголог.

Пулмолозите ги советуваат граѓаните дека носењето маска, но и внес на витамините Ц и Д го намалуваат штетниот ефект од аерозагадувањето.

“Да се почитуваат препораките, да го стимулираат имунитетот – поготово хронично болните. Колку помалку бидат надвор толку подобро за нив.” вели д-р Христова.

Иако, експертите одамна предупредуваа дека ПМ10 честичките ќе го зголемат негативното влијание од вирусот, надлежните не направија ништо конкретно. Напротив: за градоначалникот Шилегов загадувањето е магла а за министерот за животна средина, највиновни се граѓаните кои пуштаат греење кога ќе си дојдат од работа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста