ПСЖ со пресврт ја совлада Атланта (2-1) и за прв пат се најде во полуфиналето од ЛШ

ПСЖ со огромен преврт и два гола во 90-тата и 93-тата минута ја совлада Аталанта со 2-1 на отворањето на на четвртфиналето од Лигата на европските фудбалски шампиони. Во Лисабон Италијанците поведоа во 27-та преку Пашалиќ и потоа активно се бранеа, и беа близу до сензација, но Маркињос во последната минута од 90-те задолжителни во мешаницата прими додавање од Нејмар за изедначување, а брзо потоа и Мбапе го пронајде Чупомотинг за огромно славје на Французите. ПСЖ за прв пат се наоѓа во полуфиналето од Лигата на шампионите во кое ќе настапи на 18-ти август, а Аталанта тука ја завршува извонредната одисеја.  

Advertisements