ПСЖ И АЛБОРГ НА Ф-4 ОД ЛШ, ДЕНЕСКА ДОЗНАВАМЕ КОЈ ЌЕ ИМ ПРАВИ ДРУШТВО: ЛАЗАРОВ ИЛИ МАНАСКОВ
ПСЖ и Алборг се првите екипи кои си обезбедија настап на Фајнал форот во Лигата на европските ракометни шампиони. Французите го елиминираа се уште актуелниот првак Кил со победа од 34-28 и со вкупни плус 4, а Данците издржаа кај Флензбург. Загубија со 33-29, но вкупно се подобри за еден гол. Денеска се очекува Барселона само да го вериуфикува учеството во Келн на почетокот до следниот месец против Брест, а ние ќе дознаеме кој од нашите ќе биде дел од круната на сезоната: Кире Лазаров со Нант или Дејан Манасков со Веспрем. Денеска Унгарците се домаќини, но имаат четири негатива од првата средба.
КАТЕГОРИИ Спорт