Првомајската скара не изостана околу Скопје, но со далеку помало расположение отколку пред неколку години

Ако минатите две години, причина за да не се одбележи Први мај со скара и излет, беа ограничувања на движењето, забраните за собири и ковид мерките, овој Први мај причина беа врнежите што ги предомислија дел од граѓаните. Но, не сите. На пример странците уживаа во македонската традиција на славење.

Најупорните сепак уживаа во скопско…
„Од Црна Гора, дојдовме тука затоа што имаме убаво мислење и импресии за Македонија, Скопје е преубав град и за прв пат сме сите заедно на кањонот Матка. Сакаме да го видиме, да го посетиме и да го препорачаме на нашите Црногорци, да можат да дојдат овде и убаво да се одморат.“ – Вели туристички водич од Црна Гора.

– „Првпат. Многу интересно, многу убаво. Суште ја разоткриваме Матка. Задоволни сме, ќе поминеме многу време, така што, планираме да додјеме повторно, секако.“ – Истакна турист од Косово и Метохија.

И покрај врнежите, граѓаните иако во помал број, сепак ги посетија популарните излетнички места, а особено можеше да се забележат странските гости и туристи.
Оние со кои што разговаравме, велат дека трудот во Македонија не се цени доволно, а особено дискриминирани се жените.
Никој не го цени работникот велат нашите соговорници.

– „Трудот кај нас не се цени, работниците не се доволно платени. Особено жените, кои се најдискримираните работници“
– Велат дел од излетниците со кои разговаравме

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот. Притоа, до 2006 година, тој се празнуваше 2 дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Инаку меѓународниот ден на трудот се одбележува како спомен на големите работнички протести одржани во Чикаго на 1 мај 1886 година. На овој ден стотици илјадници американски работници излегле на улиците на Чикаго барајќи осумчасовно работно време. Тогаш во судирите со полицијата загинале неколку работници, а осум работници биле осудени на смрт.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста