Прво видео од заробените индиски работници во тунел

Прво видео од заробените индиски работници во тунел

За прв пат откако се урна тунелот во северната индиска држава Утараханд беа снимени работниците заробени во тунелот. Веќе девет дена во тунелот се заробени 41 работник.

Видеото е снимено со помош на ендоскопска камера која била поставена во цевката која ја праќаат до тунелот, пишува Би-Би-Си. Спасувачите користеле и цевка за да им го дадат на работниците првиот топол оброк по девет дена.

Работниците до сега се прехрануваа со грицки кои се праќаа преку потесна туба. Тунелот во изградба се урна утрото на 12 ноември по лизгање на земјиштето. Набргу потоа бил воспоставен контакт со затрупаните работници и оттогаш им се обезбедува кислород, храна и вода.

Спасувачите синоќа успеаја да протуркаат цевка со дијаметар од околу 15 сантиметри низ остатоците во внатрешноста на тунелот. Тие поставиле мала камера прикачена на флексибилен кабел во цевката и ја користеле за да ги снимаат заробените мажи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста