Прво им даде пари, па сега им ги бара назад: Вака државата им „помогна“ на компаниите

Сред пандемија, државата ги бара назад парите кои како финансиската помош им ги даде на компаниите за исплата на минимални плати. Ваквата одлука силно ја погоди угостителската индустрија.

-‘’Жално е што ние уште на самиот почеток укажавме дека целокупната таканаречена државна помош преку субвенции, угостителите сметаа дека е неповратна се’ до моментот кога во месец мај,министерот Битиќи призна дека ни една од дадените субвенции не е бесплатна туку условена помош која може да стане неповратна, ама доколку се иполнат одредени услови ”-вели претседателот на Независната угостителска комора.Одлуката да се врата парите сега,е погубно за угостителството.

Не да биде уште еден удар туку тоа е голема трагедија за целокупната угостителска индустрија затоа што ќе следува најверојатно блокирање на сметки со што ќе се доведе во прашање ликвидноста на самите угостителски објекти при што верувам дека многумина ќе се соочат со проблемот на кој начин да обезбедат финансиски сретства за да можат да ги задржат угостителските објекти – изјави Здравко Јосифовски од НУК.

Јосифовски кажа дека испратиле како што вели, последно потсетување до ова влада укажувајќи им дека угостителите послениве 4 месеци работат во редуцирани услови и дека проментот им е намаелен од 30 до 70 %. Експертите сугерираат да се направи реален план за враќање на државнаата помош, бидејќи пандемијата сеуште трае.

Треба и коморите да си ја земат својата улога, да ги претставуваат компаниите и да побараат од Владата или репрограмирање на овој долг или одложување на одреден период затоа што е невозможно во овој период,кога најголемиот дел од вработените во хотелиерството се на 70 % плата, вие да им барате дополнително да ви ги ватат сретствата што ги добиле лани како помош – изјави проф. д-р Цветко Андреевски – ФТУ.

Можеби треба да ги изменат мерките,можеби треба да има простување на даноци, можеби треба да има поблаги мерки на даночни олеснувања со кои што ќе може да се направи балант помеѓу реалниот сектор и државата како интевент – изјави проф. д-р Климент Наумов.

Од независната угостителска комора потсетуваа дека сеуште не ја добиле ветената помош за изминатите неколку месеци.Владата по кратка постапка треба да донесе одлука и да ги надомести трошоците  и загубите кои се направени –велат од незвисната угостителска комора.


Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста