Првата пратка од вакцината на Астра Зенека пристигна во Унгарија

Првата пратка на вакцината Оксфорд-АстраЗенека, која е одобрена од Европската агенција за лекови, пристигна во Унгарија викендов.  Пратката содржи дози за вакцинација на  20.000 луѓе. Вакцината на Астра Зенека се планира да се користи за лица помлади од 60 години, кои се пријавиле за вакцинација. Со тоа Унгарија  стана уште една земја од ЕУ која ја резерви користи вакцината на Астра Зенека како Норвешка,Германија, Австрија, Шведска и Полска што ја препорачуваат за лица до 65 години, Италија и Белгија до 55.

Предноста на вакцината Астра Зенека е тоа што може да се чува и транспортира на температура помеѓу 2 и 8 степени Целзиусови, што го олеснува ракувањето отколку претходно достапните вакцини.

Потребни се две дози за да се постигне имунитет, втората треба да се администрира од 4-12 недели по првиот. Унгарија се пријавила за 6.540.000 дози на вакцината АстраЗенека, што е доволно за да се вакцинираат 3.270.000 лица.

Ако сè оди според планот скоро 2 милиони луѓе може да бидат вакцинирани до почетокот на април, рече премирот Виктор Орбан. Угарскиот премиер  рече дека неговите пресметки се засноваат на пратки со вакцините на Спутник V и кинеската Синофарм. 

Advertisements