Прва средба, Бучковски хармонично до Борисов: Да го викнеме Заев да постигнеме договор сега

Прво добре дојде, го започна разговорот Борисов.

Добре ве најдов, возврати Бучковски.

Да, во новата улога на специјален пратеник, возврати Борисов.

Борисов го пречека Бучковски. Специјалниот претставник за Бугарија воодушевен од својот соговорник по само 13 минутен разговор се понуди веднаш да го повикаат Заев, за да постигнат договор. Додека бугарскиот премиер зборуваше за проблемите меѓу Македонија и Бугарија, Бучковски задоволно на македонски, но на моменти и на бугарски јазик порача дека бил задоволен од кажаното на Борисов.

-Вака како што зборувате, ние да останеме уште малку, да го викнеме нашиот премиер, ние сега ќе намериме како вие што велите решение. Но, ние треба повеќе лични контакти, време и разбирање, да им покажеме на европејците, дека ние балканците знаеме без било каков медијатор, без било каква супервизија, без некој од надвор можеме да најдеме заеднички решенија, изјави Бучковски.

За разлика од позитивизомот на Бучковски, Борисов на моменти лут, па со малку поостар тон го прекори соговорникот за обраќањето на Заев, каде кажа дека Бугарија го прекршила договорот за добрососедство.

-Вчера не обвинија, тоа е последното изречено, дека не го исполнуваме договорот за добрососедство. Дајте кој не го исполнува договорот, дајте ни го, дајте да направиме ревизија ние. Ние сме европска држава која стриктно ги почитува договорите, немаме претензии, ниту проблеми со почитувањето на договорите. Затоа ако имате ваши забелешки дадете ни ги додека сте тука, изјави Борисов.

Објаснувајќи ја лутината за ветото, Бучковски се правдаше. Вели имало нервоза и разочарување кај нас, емоциите биле посилни од разумот, тоа било карактеристично за нас, како што кажа Бучковски Балканците.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста