ПРВА ПОБЕДА ЗА РЕАЛ, РЕКОРДНА ВЕЧЕР ЗА ЛИВЕРПУЛ ВО ЛШ

Реал Мадрид ја оствари првата победа сезонава во Лигата на шампионите откако со 3-2 славеа на дербито против Интер. Бензема и Рамос по 33 минути навестија за триумфот, но Мартинез донесе неизвеснот намалувајќи на 2-1 пред паузата. Во вториот дел гостите од Милано заигра нешто подобро, а тоа го круниса Перишиќ за изедначување во 68та минута. Сепак, бразилските џокери на Зидан, Родриго и Винисуис комбинираа за триумфален подгодок на 10 минути до крајот. Во истата група, Менхенгладбах со убедливи 6-0 славеше кај Шахтар за превземање на лидерската позиција со 5 бода. Еден помалку имаат Шахтар и Реал, а Интер останува последен со само два бода.

Ливерпул на гости со 5-0 ја збриша Аталанта и за прв пат во историјата не примија гол на воведните три натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите. Успехот дополнително добива на вредност ако се знае дека на сите три меча играше 19-годишниот Рис Вилијамс по отуството на тешко повредениот Ван Дајк.

Баерн Минхен броеше до 6 кај Салсбург со два примени  гола, Сити беше сигурен против Олимпијакос 3-0, со идентичен резултат Порто го доби Марсеј, а едвај Ајкас со 2-1 славеше кај Митјиланд. Само еден меч заврши без победник Локомотив Москва-Атлетико Мадрид 1-1.

Вечерва продолжува 3.коло во Лигата на шампионите со натпреварите од групите Е, еФ, Ге, и Ха. Од 18.55 Башакшехир-Манчестер Јунајтед и Зенит-Лацио. Во вечерниот термин од 21 часот, Барселона го пречекува Динамо Киев, Челси е домаќин на Рен, Севиља на Краснодар. Борусија Дортмунд гостува кај Бриж, а гостински предизвик имаат и Јувентус кај Ференцварош, и ПСЖ кај Лајпциг.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста