Прва донација од земја членка на ЕУ стигна за МВР, ја договори лидерот на ВМРО ДПМНЕ

Донација од 100 илјади маски и 100 илјади ракавици во вкупна вредност од 110 илјади евра, за македонската полиција донираше владата на Словенија. Донацијата со авион денеска слета на меѓународниот аеродром во Скопје, а на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев му ја предаде амбасадорот на Словенија во земјава Милан Јазбец. Оваа донација од словенечкиот премиер Јанес Јанша во вторникот во телефонски разговор ја побарал лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претседателот на опозициската партија преку својот фејсбук профил изрази јавна благодарност до сестринската партија СДС како и до словенечкиот премиер Јанес Јанша. „Ова е време кога сите вистински треба да ја покажеме солидарноста и хуманоста на дело и на начин на којшто можеме да помогнеме во надминување на оваа тешка криза. Секој според можностите и преку средства со коишто може да придонесе, затоа што секој живот вреди и затоа што ја сакаме Македонија“ – напиша Мицксоки на Фејсбук.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста