Прва анкета после изборите: ВМРО-ДПМНЕ со уште поубедлива предност пред СДСМ, ДУИ и „Вреди“ прв пат израмнети

Прва анкета после изборите: ВМРО-ДПМНЕ со уште поубедлива предност пред СДСМ, ДУИ и „Вреди“ прв пат израмнети

Убедлива предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ кај македонско гласачко тело. ДУИ и коалицијата „Вреди“ за прв пат израмнети со рејтинзите. Ова го покажува првата пост изборна анкета на ИПСОС. Рејтингот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ е 31 процент, додека на коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ само 10.

Според оваа анкета осум проценти поддршка има Левица, а по седум Европскиот фронт на ДУИ и коалицијата „Вреди“. Шест отсто даваат поддршка на ЗНАМ на Максим Димитриевски, а еден процент на коалицијата „Храбро за Македонија“.

Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е уште повисок кај оние кои сигурно би излегле на гласање. Тука тие имаат поддршка од 47 проценти, коалицијата на СДСМ 15, ДУИ и „Вреди“ 11 проценти, Левица осум, ЗНАМ 6, додека коалицијата „Храбро за Македонија“ еден процент.

Оваа анкета теренски е спроведена од ИПСОС во периодот меѓу 10 и 20 мај на територијата на репрезентативен примерок.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )