Прв снимен филм на 15 години, талентираната тетовка Ана го трасира патот кон успехот

Со своите 21 година,талентирана Ана Андонова од Тетово веќе испишува историја со снимени шест краткометражни филмови.Првиот, на само 15 години.Ова и е вели хоби,кое нема да престане да го работи, а професионално сака да се занимава со монтажа и анимација-тоа за што во момент се образува.

  • Кога имав 15 години, јас имав желба да направам театарска претстава. Но решив тој поамбициозен сон да го заменам со нешто што беше пореално според условите што ги имав тогаш. Сакав да направам краток филм. Снимањето филмови секогаш сум го гледала како хоби, сакам така и да остане бидејќи за 20 години се гледам како аниматор и како монтажер, што би сакала да биде моја професија, но мислам дека секогаш ќе снимам кратки филмови како хоби – вели Ана Андонова.

Македонија има многу млади таленти, но најголемиот проблем е што тука немаат простор и можност да се надоградуваат,па често, патот го трасираат кон европските земји и пошироко.Ова е сон и на младата Ана.

  • Мислам дека за аматери во нашата земја секогаш постојат услови со коишто можат понатаму да се градат. Се разбира доколку имам шанси да одам во странство би работела и таму, би сакала да научам што има и таму.. раскажува Ана Андонова. 

Ана веќе реди успеси и бројни награди на домашни и странски фестивали.Последниот филм, насловен Малечка, веќе е готов, но премиерата е одложена поради моменталната состојба во државава.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста