Прв случај на коронавирус во Србија

Маж (43) од Суботица е првиот пациент во Србија за кој е докажано дека има коронавирус, кој престојувал во Будимпешта, потврди српскиот министер за здравство Златибор Лончар.

Тој неодамна дошол од Унгарија. Мажот има температура од 37,4 и се чувствува добро. Тој во моментов е сместен во изолација.

„Се случи она што се очекуваше, го имаме првиот позитивен случај на коронавирус во Србија. Најважно е дека тој се чувствува добро. Нема проблеми. Станува збор за човек кој повеќе пати престојувал во Будимпешта. Таму живее неговата сестра, која имала проблеми слични на коронавирусот и имала вирусна пневмонија. Потоа и тој почувствувал тегоби и бил исклучително одговорен, се самоизолирал, ги испратил децата на село, останал сам со сопругата која само му носела храна“, објасни Лончар на вонредната прес-конференција.

„Веднаш се сомневаше на коронавирус, и резултатите од тестот пристигнаа утрово. Пациентот е веќе во изолација“, додаде Лончар, посочувајќи дека српските надлежни служби веќе стапиле со понатамошна работа, односно во тек е анализата на сите лица кои биле во контакт со него и неговото семејство.

„Повторувам уште еднаш, нема простор за паника. Реков дека беше прашање на време кога ќе се случи ова што се случи. Нереално е да постои земја во која нема коронавирус. Единствено прашање е дали е регистриран или не, тоа е глобален проблем и така се третира“, рече Лончар, потенцирајќи дека сите служби во Србија се целосно подготвени да се борат со коронавирусот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста