Прв предизвик на новата Влада – како да се поплнат буџетските дупки и да се заузда јавниот долг

Прв предизвик на новата Влада – како да се поплнат буџетските дупки и да се заузда јавниот долг

Многу потрошени милијарди , малку реализација, огромна буџетска дупка –  во каква кондиција е државната каса?   

Јавниот долг во моментов е  на ниво од 58,6 % од БДП или вкупната сума пари што државава ја должи на кредиторите и заемодавачите надмина 8.7 милијарди евра. Најнизок јавен долг сме имале во 2008 на ниво од 23 % од БДП, а Македонија достигна рекордно задолжување во 2023 година и го проби плафонот од 60 % од БДП  втор пат по 2021 година.

                                             Јавен Долг

2018 година                              5 202 200 000 евра                   48,4%

2019 година                              5 540 900 000 евра                   49.2%

2020 година                             6 483 300 000 евра                    59,7%

2021 година                             7 135 300 000 евра                    61%

2022 година                             7 702 900 000 евра                    59,7%

2023 година                             8  477 000 000 евра                    62.1 %

2024 година ( I квартал)          8 770    000  000   евра                 58.6 %                                                                                                                                                                  

Според експертите, јавниот долг се трупа во изминатите 3 децении но,  за разлика од други држави кои се и позадолжени  во Македонија многу влијае врз животниот стандард . Задачата на новата Влада ќе биде да пресмета колку камати ќе треба да се плаќаат за претходните долгови .

Не е во најдобра кондиција буџетот на државта затоа што економијата не е во добра кондиција. Ние поминавме 4 кризи. Новата Влада треба да пресмета колку долгови не се пресметани, колку во тие долгови треба нахнадно ќе се плаќаат каматни стапки на претходно земените долгови, друго до каде се капиталните расходи кои треба да ги наследи, што е со тие проекти ?

Не треба да се брза со ребалансот на Буџетот , затоа што би можело да не се предвиди нешто ,очекувам некаде септември или октомври да има ребаланс за да се корегираат некои стапки, нема да има некоја драстична промена во Буџетот, вели универзитетскиот професор Абил Бауш.

Моторот на економијата – реализацијата на капиталните расходи е под 30 отсто Или заклучно со 21 мај е 25.35 % . Во Македонија има министерства кои не реализирале баш ништо, пример за тоа е  Министерството на Артан Груби, а исто и во правда . Она што е интересно е дека министерството за транспорт и врски од предвидени 314.093.758 реализирало само 3 отсто, а министерството за економија од 5 399 813  1,7 % ( тука телоп + слики)

Реализација на капитални расходи заклучно со 30.04.2024 година

Влада                                                                            30.56 %

Министерство за транспорт и врски                       3.27 %  

Министерство за односи со заедниците                0 %

Министерство за правда                                           0.64 %

Агенција за стоковни резерви                                 0.05 %

Министерство за економија од                                1,7 %

Министерство за локална самоуправа                   0 %

Македонија потфрла со реализација на капиталните инвестиции од осамостујувањето , потребно е да се инвестира за да се придвижи економскиот стандард .

Цели три декади од осамостојувањето не сме имале голем импакт на ГДП , но кога имало 5-6 отсто, сме ги направиле ние . Дури и „Скопје 2014“ каков и да беше проектот имаше голем импакт, а замислете да имате вие инвестиции во инфраструктурата или во енергетиката

Инаку последно техничката заменик министер Елена Петрова обелодени дека владата во заминување за две недели од 1 – 15ти мај прокннижила вкупно расходи од 367 милиони евра.

Пред само неколку дена Техничката Влада не задолжи за плус околу 35 милиони евра со издавање на две нови државни обврзници .  Едната доспева за две години, а втората за 15 години.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )