Прскањето против комарци на подрачјето на град Скопје ќе се реализира утре, во раните утрински часови

Од град Скопје известуваат дека авионската дезинсекција (вонредна) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на ден 26.08.2020 година, во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.