Прскање против комарци на подрачјето на град Скопје

Авионска и терестична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје.

Од Град Скопје известуваат за прскање против возрасни форми на комарци во следните денови:

1. Авионската дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на ден 15.08.2020 год. (сабота) и 16.08.2020 год. (недела) во раните утрински часови.

2. Терестичната дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 17.08.2020 год. (понеделник) и ќе заврши најдоцна до 21.08.2020 год. (петок), во периодот од 21:00 до 03:00 часот наредниот ден.

3. Терестичната дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 19.08.2020 год. (среда) во текот на денот.Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

https://www.facebook.com/CUKnaRSM/posts/3213353158744557
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста