„Протоколарни“ избори

Паѓа ли во вода идеата за брзи избори на власта во време на корона криза со продолжување на вонредната состојба ?Според министерот за здравство Филипче, вонредната состојба е потребно да се продолжи со цел и натаму да може да се спроведуваат препораките.

“Дел од мерките кои ги предложуваме важат за вонредната состојба и важно е да важат и понатаму, во однос на рестрикциите и уредбите“ – вели Венко Филипче, министер за здравство.

Филипче денеска го претстави протоколот за спроведување на изборите.Носење маски и ракавици, дистанца и дезинфекција, продолжен период за гласање на денот на изборите, но и можност за одржување митинзи и кампања од „врата на врата“ се дел од препораките од Протоколот на Комисијата за заразни болести.

“Се препорачува партиските активности да бидат на отворено.На изборните штандови да нема повеќе од двајца активисти. За кампањите од „Врата на врата“ да не се влегува во домовите на луѓето. На денот на изборите, членови на гласачки одобри и набљудувачи треба да носат заштитни маски и ракавици. Гласачите ќе чекаат надвор во дистанца од два метри. Во изборните места да нема повеќе гласачи од број на боксови за гласање.” – кажа министерот Филипче.

На 18 март беше прогласена првата вонредна состојба на територија на цела држава во траење од 30 дена.Потоа, повторно беше продолжена за дополнителни 30 дена која што ќе биде на сила до 16-ти Мај.Претседателот Пендаровски пред две недели изјави дека два пати ќе размилел дали ќе биде единствениот што ќе ја продолжува вонредната состојба. Состанокот на советот за национална безбедност на кој ќе се одлучува за продолжување или не на вонредната состојба ќе се одржи утре кај шефот на државата.

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста