Протестите за убиството на Џорџ Флојд се проширија на Нов Зеланд

Илјадници луѓе во Нов Зеланд мирно протестирале, извикувајќи „Животот на црнците е важен“, поради смртта на Џорџ Флојд, кој починал поради бруталната полициската интервенција во САД.
Тоа е еден во низата протести кои се проширија од САД ширум светот, откако беше објавено видео на кое се гледа како полицаец клекнува на вратот на Флојд скоро девет минути, додека Афроамериканецот го моли дека не може да дише.
Демонстрантите во Оукланд седнале на патот по мирниот марш и кренале стиснати тупаници како знак на единство, солидарност и „црната сила“, пренесува Ројтерс.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста