Протестите продолжуваат, освен угостителите на улица и сметководителите, премиерот вели помошта им била доволна

Додека најпогодените сектори протестираат зашто помошта од шеттиот сет мерки не е доволна, премиерот се фали дека пакетот помош ќе дал резултати. Рече дека буџетот е финансиски ликвиден и стабилен, а државата постои за да помогне. За угостителските објекти, вели, имале 18 милиони евра за издатоци. За нив биле предвидени 30% од дента на затворање, но им следувал и надоместок од 15.000 денари за вработените, што за нив било смешно и еднократно.  

  • Буџетот е финансиски ликвиден и државата е солвентна. Приходите во државата редовно се наплаќаат и се зголемени во текот на март и април. Средства има и од обезбедените кредитни линии коишто ги имаме, а на располагање се и средствата од продажбата на еврообврзницата од 700 милиони евра со историски најниска камата од 1,625 проценти. Од нив во јуни 500 милиони враќаме за стара обврзница,  а другите се токму за покривање на буџетските потреби. Исто така, и од домашниот пазар обезбедивме 100 милиони во редовните планови, затоа бројките се поклопуваат согласно планот и Буџетот, рече Заев во одговор на прашање по пуштањето во употреба на фотоволтаичната централа во село Теново, Општина Брвеница.

И додека премиерот се фали дека мерките давале резултат, протестот на угостителите и туристичките работници продолжува. На нив им се придужија и сметководителите кои бараат и тие да се вклучени во шестиот пакет мерки.

  • Преку наш грб одат сите економски мерки во Владата, тоа треба сите да го знаат. Доста си играат со нас. Бараме, системско решение за пролонгирање на рокови за годишни сметки и даночни пријави. Флексибилност и итно и неодложно на рокот за оваа ДДВ пријава, изјави Александра Андреева Комора на сметководители.

Угостителите реагираат дека шетиот сет мерки бил полн со нејаснотии околу аплицирањето за државната помош. Од Владата бараат да се дообјасни методологијата, а до тогаш остануваат на улица се до исполнување на барањата во целост.

  • Ние не знаеме на кој начин ќе треба да се аплицира односно кој се ќе може да аплицира за таа помош. Има некои изјави и некои работи кои не ги пишува во мерките меѓутоа одредени функционери ги кажуваат така што повторно настанува забуни, ние бараме секоја мерка што точно значи и како да се протолкува, вели Мартин Ангеловски од ТУК.

Туристичките работници се пожалија дека не можат да преживеат. Бараат сериозна финансиска помош.

Најпогодените сктори остануваат на улица се до исполнување на барањата, зашто наместо помош, добиле трошки. Инаку, шестиот пакет содржи седум мерки вредни 17,8 милиони евра, насочен кон компаниите, но не директно и кон граѓаните.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста