Протести во Ѓ.Петров – „Не направија селани, а плаќаме комуналии како да живееме во град“

Од жители на општина Ѓорче Петров преминавме во жители на Ново Село, од жители на урбана во жители на рурална средина,  па сега треба да ги менуваме сите документи се жалат жители на скопската населба „Даме Груев“. Тврдат дека официјално од 1987 година се жители на приградската населба „Даме Груев“ која припаѓа на подрачјето на општината Ѓорче Петров.

-Па ако е Ново село ние не сме урбана треба да сме рурална средина. Зошто ми бара комуналии, во рурулна средина не се плаќа ништо. Ние овде сме 100 години..-рече БОГОЉУБ ЃУРЧИНОВСКИ-ЖИТЕЛ НА  НАСЕЛБА „ДАМЕ ГРУЕВ“.

-Ако сме Ново село, сега како што не нарекуваат, тогаш треба да има промени не треба да плаќаме комуналии за урбана заедница тука за рурална важат други закони па нека се изјаснат, од општина и град Скопје зошто е тоа така направено-рече ИГОР АНТОВСКИ – ЖИТЕЛ НА  НАСЕЛБА „ДАМЕ ГРУЕВ“.

Реагирале во повеќе институции, а го консултирале и Народниот правобранител. Од општината и градот Скопје тврдат не добиле одговор на нивните барања.

До Град СКопје се обратив јас лично два пати. Ќе ви одговориме, но не ни одговорија.. И општина Ѓорче Петров- вели ТОНСКО РАДЕ МИЛЕВСКИ-ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МЕСНА ЗАЕДНИЦА.

Жителите сметаат дека намерно се брише името на населбата „Даме Груев“  и дека друга намера стои зад промената односно бришењето на името на населбата.

-Да му се каже на градоначалникот дека по погрешен пат оди, нема да му дозволиме. Јас повозрасен човек ама велам нема да му дозволиме да ни го смени името, исто како со Македонија, па сега ова Ново село па Бардовци па незнам уште што не, па нека кажат дека сме од Орман..-рече БОГОЉУБ ЃУРЧИНОВСКИ-ЖИТЕЛ НА  НАСЕЛБА „ДАМЕ ГРУЕВ“.

Во населбата Даме Груев  живеат од шест до седум илјади граѓани.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста