Протести во Бардовци против градењето на т.н. Центар за странци, бараат поддршка од Скопје и цела Македонија

Продолжуваат протестите на жителите од селото бардовци заради најавениот таканаречен центар за странци. Денеска повикаа на масовна поддршка од скопјани но и граѓаните на цела Македонија. Револтирани се од односот на институциите бидејќи не ги информираат што ќе никне на земјиште од 7 илјади хектари во близина на нивните домови, и со каква намена ќе бидат објектите. Во меѓувреме се сретнале со претставници на МВР кои ги уверувале дека во Центарот странците ќе престојуваат најмногу 6 дена. Ама не веруваат во тоа оти имаат документи од Министерство за транспорт и врски во кои стои сосема нешто друго.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста