Протести против поскапувањето на струјата, блокирани улици во повеќе градови

„Крвта ни ја испивте“, „Доста е“, „Скапан систем“, „ЕВН лопови“, скандираа револтираните граѓани потив поскапувањето на струјата. Со блокади на неколку раскрсници низ Скопје, со возила, пеш или на велосипеди, демонстрантите го изразија револтот поради, како што велат, лошиот потег на државата. Протестот почна кај Мавровка, а заврши пред Министерството за правда. Неколку часа блокирани беа крстосниците кај Судска палата и кај Палома Бјанка.

Протестирачкиот совет Скопје потенцира дека од 14 до 16 часот ќе бидат блокирани крстосниците кај Мавровска и Судска палата и кај Палома Бјанка – Рекорд.

РКЕ веднаш да ја понушти одлуката за покачувањето на струјата, да се намали цената за 46%, попустот на ДДВ од 18 на 5%, да се распушти РКЕ, но и да се формира независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги. Зоран Заев да застане на страната на граѓаните, за што и се залагаше, а не сега да бега од одговорност и да се богати на наш грб, тоа многу лошто за сите нас, се жалат граѓаните.

Граѓанските огранизации уште еднаш побараа од Регулаторната комисија да ја врати старата цена на струјата, но и да ја намали, наместо да ја зголемува.

Организаторите на протестите освен што се противат на ваквата одлука на Регулатрона, бараат и нејзино распуштање.

По двата успешни протестни маршеви во изминатите две недели, решивме да ја сензибилизираме јавноста со тоа што во работно време ќе организираме блокади. Ова е можеби непопуларен потег за многу граѓани или работниците што одат на работа, но сакаме сите да се запознаат со овој проблем, поради тоа што сите не следат медиуми, за следните петоци кога обично се одржуваат овие маршеви, да имаме помасовни протести пред институциите што се виновни за ова. Барањата се јасни и изложени досега, да се укине одлуката за поскапување и дополнително да се намали затоа што изминатите години само се поскапуваше, а тоа не го следи во чекор животниот стандард, порачаа организаторите.

Активистите потсетија дека бараат и ревидирање на старите налози за плаќање сметки од пред 15 години, како и да се тргне обврската за плаќање камати за должниците.

Инаку ова е трет протест против поскапувањето на струјата, но борбата продолжува, најавија демонстрантите. Освен во Скопје, протести се одржаа и во Тетово, Прилеп, Битола, Кичево.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста