Протест за слобода на уставобранителите пред затворот во Прилеп

„Теоријата за тероризам ви падна во вода“, “Уставобранителите не се терористи и заслужуваат ново, чесно судење“, „Уставобранителите се жртви на системот“, се само дел од пораките кои денеска беа испратени од протестот пред прилепскиот Затвор, каде казната ја издржуваат чертворица осуденици за настаните од 27-ми април од пред пет години.

 „Се знае зошто сме тука, да знаат дека тие уште се живи, се освести народот…Нер може да се опише, не посакувам на никог тоа да му се случи, израснаа децата без еден родител, од тоа полошо нема, се мачиме сите, премногу се мачиме…Тоа ни е последна надеж, да се вратиме од почеток, да видат дека не се терористи и немаат никаква врска со тероризам“, – ни рече Наташа Ангелова, сопруга на Игор Ангелов.

    „Ние го осудуваме насилството кое се случи на 27-ми април, меѓутоа тоа не беше тероризам и со ова ја повикуваме највисоката судска инстанца, Врховниот суд да ги поништи првостепената и второстепената одлука и судењето да се врати од почеток“, ни рекоа организаторите на првиот од трите денешни протести.

 „Не само на нас тука присутните, туку на секого во Македонија му е јасно дека тоа беше политички процес, процес кој што требаше да ги уплаши сите граѓани во РМ за подоцна Зоран Заев го потпише и го спроведе оној срамен Договор од Нивици. Ако постои уште некој човек кој се уште верува дека на 27 – ми постоело тероризам, верувам дека само тројцата: Зоран Заев, Добрила Кацарска и Вилма Рускоска“, – рече Алакеснадар Пандов од Патриотскиот институт „Гоце Делчев“.

 „Јас имам живеено во дијаспората триесетина години и првпат слушам да биде некој осуден за тероризам без употреба на никакво оружје, пиштол, нож или слично. Се потсетувам на времето кога беше покоен Драган Богдановски, идеологот на ВМРО-ДПМНЕ во затвор, го посетив и вика – „не ми е криво што лежам во затвор, криво ми е што сум од македонски суд и што лежам во македонски зандани“, – кажа Мане Јаковлевски, прет. на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ.

  „Во македонското Собрание се пееше албанската химна, а за тоа никој не одговара, а одговараат луѓе кои што си ја бранеа својата Република Македонија, својата татковина и лежат невини во занданите низ затворите во Македонија. Сакам да кажам дека протестите ќе продолжат и во наредниот период се до поново судење“, посочи Илија Димоски – Шаторо, прет. на Унијата на ветерани од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

  Инаку, денешните протести во Прилеп, Штип и Скопје се организираат со цел да се овозможи повторно судење на 16-те осуденици кои во март 2019 година, беа осудени на вкупна казна од дури 211 години робија.

 Каролина Дурло