Протест за поддршка на уставобранителите

Од Штип започнува Македонската пролет.  Од денес македонските браќа и сестри ќе бидат по улиците се додека оваа тиранија не падне од власт, порача Александар Пандов  од Патриотскиот Институт на ВМРО-ДПМНЕ кој денес заедно со уште стотици граѓани од целата држава  пред штипскиот зартвор  им дадоа морална поддршка на осудените за настанатите од 27 ми април 2017 во Собранието.

Беа во право кога тврдеа дека ќе биде променет уставот на Mакедонија. Беа во право кога говореа дека ќе станеме двојазична земја , а ни во најцрниот сон не ни помисливме дека заедно со неговите другари Каракачанов и Захариева дека ќе не бугаризират – изјави Пандов.

Нивната борба е и наша борба. Тагата не зближува, ама болката не обединува. Болката што тие ја трпат, болката на нивните семејства е вечната болка на македонецот за слобода.

 Уставобранителите се во затвор само поради тоа што му пружија отпор на владеењето на Заев кој е полош и од Сталин . Живееме во време кога затворите се полнат со патриоти , а не со криминалци-порачаа говорниците на денешниот масовен протест.

Ние младите имаме нреколку пораки што сакаме да ги упатиме до премиерот Зев  а тоа е дека притворените патриоти за нас преставуваат модерни Гоце Делчев, Јане Сандански и модерни револуционери- изјави Сергеј Попов –претседател на УМС.

Им порачуваме на јаничарите на власт дека Македонија ќе ги надживее сите што ја парчосуваат нашата држава-рече Иван Јорданов.

Од Патриотскиот институт на ВМро-ДПМНЕ истакнаа дека во моментот околу 400 граѓани поради политички прогон се приведени и одлежуваат казна затвор. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста