Протест во Градиште – жителите од Пештани бараат да им се вратат одземените имоти

Локален моќник со мито и корупција шурувајќи со судии и државни службеници, се обидува да приграби имот вреден над 20 милиони евра во автокампот Градиште-обвинуваат од здружението на граѓани “ Оревче “ кои 22 години водат битка за да си ги добијат денационализираните имоти.Тие денеска како што самите рекоа, последен пат преку мирен протест се обидоа да го свртат вниманието на власта и надлежните институции,а потоа велат правдата ќе ја земеме во свои раце.

Нашето земјиште сега е предмет на криминал, предмет на корупција, експлоатација, лично богатење и анархија.Кога зборувам за анархија,Ве повикувам сите медиуми влезете внатре да видите како инспектори, државни службеници,судии,градат на наше место, тоа се случува во моментов. – вели Адријана Башеска Здружение на граѓани “Оревче “.

Во моментов на Градиште му се случува градежна експанзија од невидени размери и покрај тоа што корисникот на автокампот има третман на узурпатор, бидејќи не поседува  документ од надлежен орган за користење на атрактивните локации со вкупна површина од 150.000 метри квадратни-посочија пештанаци.

Тука нема објекти, се е дивоградба. Пред 2 дена добив известување, допис од градежниот инспекторат од Охрид  констатира во моментот 15 дивоградби, значи дивоградби.Ако се рушеа плажите низ Охрид и Струга, тука имаме уште поголем криминал,значи некој замолчува. -рече Ѓоре Танески-Здружение на граѓани “Оревче“.

Од здужението “Орвче” обвинуваат дека законот за денационализација се спроведува селективно.Ние,обичните смртници не можеме да ги добиме нашите имоти,а на МПЦ и се вратени 4 парцели на само 5 метри од езерото, вели претседателот на здружението,Ѓоре Танески.Тој потсети на скандалозната одлука, со која државата им понуди да ги обесштети плаќајќи им по 200 денари за квадртен метар. Подготвени сме велат пештанци тие пари ние да и ги дадеме на државата,но да ги вратат имотите на 36-те семејства.

Со целиот случај е запознаена не само Владата,туку и Антикорупциската комисија, како и народниот правобранител,но за жал се добива впечаток дека државата не може да се справи со узурпаторите на Градиште,и оти тие се посилно од државата и тоа во време кога Охрид се бори да го сочува статусот под Унеско-рекоа пештанци на мирниот протест што го одржаа во Градиште, не дозволувајќи влез во автокампот.

Од формата Нова Трејт која се јавува како закупец на автокампот Градиште тврдат дека стопанисуваат со истиот врз основа на  уредно склучен Договор и дека ги поседува сите потребни и неопходни одобренија и дозволи издадени од  надлежните инститиции.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста